Бидете ,,Компанија со големо срце,, и приклучете се во нашата мисија

Драги пријатели, корисници и донатори, дојде време од годината кога се заблагодаруваме на сите оние кои минатата година беа со нас, беа наша поддршка, донатори, спонзори, кои ни помогнаа на нашите корисници, особено децата да им обезбедиме многу услуги и потреби, особено во овие тешки времиња за сите.
Но сега е време од годината кога бараме нови соработници, компании кои ќе станат наши партнери во хуманата мисија, ќе бидат наша поддршка и наш грб, бидејќи без ВАС, драги компании со големи срца, кои ние ги нарековме ,,Компании пријатели,, се ова не би било возможно. Голема благодарност и до сите физички лица кои се вклучуваат и со свои средства помагаат на семејства, токму онаму каде што треба.
Годинава нашето здружение за секоја компанија ќе воведе сертификат за ,,Компанија со големо срце,, каде ќе бидат вклучени сите компании кои ќе донираат материјални средства благодарение на кои ние функционираме и работиме.
Сите компании кои до сега не биле со нас, а сакаат да ни се приклучат, се добредојдени да го направат тоа, а за сите информации можат да ни пишат мејл или порака, на proekt.sreka@gmail.com.
Колку повеке компании со големи срца толку помалку сиромашни деца кои живеат без основни услови за живеење. Колку повеке пријатели, толку повеќе среќа!!!
Затоа бидете ,,Компанија со големо срце,, и приклучете се во нашата мисија, станете наши партнери!
Ваша, проект Среќа!