Проект Среќа во Сарај

Секаде каде што има деца на кои им се потребни подобри услови за следење на настава се трудиме да помогнеме, да обезбедиме донации и децата да ги имаат сите услови како нивните врсници.
Денес Кристина и волонтерката Марија беа во ОУ Сами Фрашери, општина Сарај, село Шишево. Таму има само една македонска паралелка каде заедно учат 19 деца од 1-во до 5-тто одделение. Имаат прекрасна наставничка Весна, која како лавица се бори за нејзините ученици, а секојдневно патува од Илинден до Сарај само за да опстане таа паралелка. Пред некое време не’ контактираше, и ни кажа дека за жал децата немаат добри услови за работа. Побара завеси за училницата, телевизор, компјутер и принтер. Ние успеавме да набавиме се’ , благодарение на нашите пријатели донатори со големи срца! Телевизорот е донација од донатори со големи срца кои посакаа да останат анонимни, прекрасни завеси им изработи и монтираше компанијата Доместик Jozefina Domestik Akdeniz, принтерот и комјутерот се донација од нашиот другар Донирај Компјутер – Борче Стаменов❤️! Секоја чест на наставничката, а ние секогаш ќе бидеме онаму каде децата имаат потреба од нас! #проектсреќа #проектсреќа2022