За нас

Здружение за хумано-општествен развој Проект Среќа

Проект Среќа е здружение, кое единствено на нашите простори, е фокусирано на подобрување на квалитетот на живеење, создавање на можности и образование и едукација за децата и младите со помалку можности.

Основана во 2015 година, Проект Среќа за многу кратко време стана синомим за среќа кај децата, синоним за транспарентна и исполнителна работа, градење на филантропско и хумано општество, кое создава можности за децата во социјален ризик, со акцент на децата кои живеат во сиромаптија, и во  рурални средини.

Сите проекти на кои ние како здружение работиме, се насочени кон подобар квалитет на живеење на децата во социјален ризик.

Го поттикнуваме општеството на општествена одговорност, физичките лица на филантропија, хуманост, и волонтирање, а компаниите на одговорноста која како бизнис сектор ја имаат кон општеството во кое создаваат профит.

Image
Image

Нашата визија е дека само здружени можеме да направиме големи промени.

Нема среќна иднина за едно општество, без среќни, едуцирани и образовани деца.

Токму затоа нашиот фокус е на градење можности за нив.

Во нашата земја, огромен број од населението живее во сиромаштија.

50 посто од децата во нашата земја, немаат основни услови за живот, немаат еднакви можности, немаат пристап до неформално образование, технологија, а голем број од нив, живеат на работ на егзистенцијата, заради економската немоќ на нивните семејства.

Токму на тие деца, сакаме да им дадеме избор, можност да успеат, да излезат од таа средина, и да ги искористат своите потенцијали и квалитети.

Проект Среќа, има своја дата база со над 1200 регистрирани деца членови, од цела земја, со кои континуирано работи, и ги вклучува во проектите, но и им асистира во секојдневните потреби.

Со над 3000 донаторски соработки со компании и физички лица, и над 10 000 000 денари поделена помош, на годишно ниво, нашето здружение е лидер во помош и поддршка на децата со помалку можности.

Заедно можеме многу повеќе, прашање е само, дали сакаме!

Тимот на Проект Среќа

Срце и срж на организацијата. Главен мотор и двигател на нештата во неа.

Кристина Арнаудова Петровски

Не постои среќно и продуктивно општество, во кое децата се несреќни, и без можности. Токму затоа, создадете среќни и едуцирани деца, за да создадете среќна иднина за сите.
  • Претседателка и основач на Проект Среќа
  • Дипл. Бизнис Администрација
  • Пеачка, композитор, продуцент, борец за човечки права