Шарено Лето пристигнаа во Крушево

Децата учесници на летниот детски камп ,,Шарено Лето 2021,, стигнаа безбедно во Крушево, и се сместија во прекрасниот хотел Монтана, на најубавата локација во Крушево. Не пречека градоначалникот на Крушево, Томе Христоски кој на децата им посака прекрасен престој, и ни понуди поддршка и помош за било што за кое имаме потреба, како ексурзии, прошетки, превоз и сл. Му благодариме од срце, што е прекрасен домаќин, како и на сите крушевчани кои се познати по гостопримството. Првиот ден децата ќе го поминат во запознавање на околината и уживање во природата!