Од ОУ Наум Наумовски Борче, општина Гази Баба, ни стигна донација во храна која ја донирале лично децата, сакајќи да се оддолжат за нашата донација кон нив! Нашата волонтерка Марија беше таму и се сретна со дечињата и наставниците и ја прими донацијата која ќе ја намениме за едно семејство кое има потреба од тоа во моментов. Браво деца, вие сте наша инспирација! #проектсреќа
