Драги пријатели, имаме големо изненадување за вас! Новата година е време кога треба да се радуваме на нови нешта, на нови почетоци, на дарувања…Но за жал многумина ја немаат таа среќа да добиваат подароци! Затоа ние во склоп на проектот Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina заедно со сите наши донатори и компании со големи срца смисливме големо изненадување и радост за вас! Во Божиќното издание на Проект Куќа ќе подаруваме вредни, големи награди за оние на кои најмногу им е потребна Божиќна радост! Правилата за учество се следни: 1. За да учествувате, треба да оставите коментар под оваа слика и да направите шер (да ја поделите) на оваа објава 2. Треба да ја следите страницата на Проект Среќа и Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina 3. Треба да сте во категорија социјален ризик (еднородителски семејства, многудетни семејства со мали примања, семејства во социјален ризик, семејства со минимални примања, или приматели на социјална помош) 4. Наградната игра ќе трае од денес 13.12.2021 до 19.12.2021 до 15ч 5. Секој коментар оставен подоцна нема да се смета за валиден 6. Добитниците ќе бидат одбрани по случаен избор и ќе бидат објавени во Божиќната емисија на Проект Куќа на 09.01.2022 7. Ако случајно некој од добитниците не ги исполнува условите, наградата ќе се влече повторно 8. При подигање на наградата треба добитникот да достави доказ за социјален статус, примања, и сл. Ова е вака осмислено затоа што токму на тие луѓе најмногу им е потребна радост, а особено затоа што Проект Куќа и покрај тоа што сака да ги израдува сите, не успева бидејќи се работи за стотици семејства кои бараат помош. Наградите се: Бела техника, Мебели, Градежни Материјали, Санитарии, Пакети производи и се навистина многу вредни и прекрасни награди од сите поддржувачи на Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina и на хуманоста! Ние секогаш мислиме на сите вас, и на вашата среќа, затоа што ние сме Проект Среќа ❤️
