По петти пат успешно реализирано Шарено Лето

По петти пат оваа година по ред се случи нашиот спортско зававен летен камп за деца со помалку можности ,,Шарено Лето,,. Ние веруваме дека секое дете треба да ужива во летен одмор, дружење и забава, да патува и да ја запознава земјата. За жал голем број од децата никогаш немаат отидено на летен одмор. Затоа сме тука ние, да ги најдеме тие деца и да им донесеме среќа и летни спомени кои ќе ги паметат засекогаш!
Благодариме на сите кои се со нас во оваа мисија!
Оваа година благодариме на цело Крушево за гостопримството, на градоначалникот Томе Христоски за пружената логистичка поддршка, посета на сите споменици и природни убавини, на здравствениот дом Крушево кои ни пружија 24ч поддршка, на Хотел Монтана за најголемото гостопримство и прекрасниот персонал и храна, а најголема благодарност за Благица и Ели кои беа најдобрите воспитувачки на цел свет!
Ова немаше да се случи без поддршката на
Град Скопје
EVN
До следната година! ❤️