Проект Среќа е секогаш тука за вас

Драги корисници и мили деца, жал ни е што најголем дел од вас имаа тешка учебна година. Нашите молби до компаниите кои можеа да донираат бесплатен интернет останаа неодговорени, иако им пишавме и неколку пати со молби за разбирање. Благодарение на неколку општествено одговорни компании и #ДонирајКомјутер и Борче можевме да поделиме 100-на уреди за следење настава, и благодарение на неколку компании можевме да платиме интернет за цела година на 20-на семејства. Но драги деца, вие сте храбри, издржливи…И подобри ученици од многумина кои имаат се! И кога ќе бидете големи и успешни, потсетете се дека не треба да мислите само на себеси и сопствениот профит, туку да станете луѓе со големи срца, кои ќе ја делат својата среќа со оние кои имаат помалку. Овие големи магнати, компании, институции со огромни профити, кои ве оставија на цедило, нека ви бидат пример какви не треба и не смеете да бидете никогаш. А ние, Проект Среќа, обичните луѓе, секогаш ќе бидеме тука за Вас, големите мали Луѓе ❤️.