Проектна Програма на Здружението Проект Среќа за 2022 година

Драги пријатели,соработници, поддржувачи, филантропи и партнери на нашето здружение Проект Среќа, денес, со вас сакаме да ја поделиме нашата проектна програма за 2022 година.
Оваа година ќе биде голем предизвик за нас, бидејќи работиме на нови, но и веќе познати, големи проекти, за кои поставивме јаки темели минатите 6 години.
Некои проекти се нови, а некои се веќе традиционални.
Минатите две години за нас, како здружение, беа најтешка до сега. Како и сите, и ние се соочивме со многу проблеми како последица од кризата со пандемијата на Ковид19-Корона вирусот.
Најмногу тоа се одрази на финансирањето и поддршката која ја добивавме од компаниите. Таа поддршка во голем дел изостана, а ние работевме и се соочувавме со огромни предизвици, да набавивме хуманитарна помош за сите на кои им беше потребна, да ги реализираме проектите во едни нови услови и протоколи, но и да преживееме како здружение.
Дури и во услови на јаголемата економска криза, го започнавме најголемиот хуманитарен проект на овие простори до сега, ,,Проект Куќа со Кристина,, каде за прв пат во тв формат се градеа домови за семејства со деца во социјален ризик, но исклучиво од донации.
Вашата поддршка оваа 2022 ќе биде повеќе од потребна за да застанеме на нозе и да продолжиме со истиот интензитет на работа.
Проектна програма за 2022 година
1. Детско драмско студио за деца во социјален ризик ,,Неверленд,,
Ова детско драмско студио, кое го отворивме 2019 година, трета сезона по ред работи,со многу голем успех, а е наменето за сите оние деца,кои имаат желба и љубов кон актерството и театарот а се од 6 до 14 години. Имаме часови 2 пати неделно, и спремаме наша програма и претстави, кои ги играме пред сите деца во Македонија. Драмското студио е бесплатно за сите деца кои ќе го посетуваат, а се во категоријата ,,социјален ризик,,. Драмското студио го води нашата Благица Ристов, дипломирана актерка, која има големо искуство во работата со детски драмски студија и детски претстави.
Им благодариме од срце што не поддржуваат, и што препознаваат вистински конструктивни проекти.
Оваа година овој проект повторно ќе го заживееме,и се надеваме дека ќе обезбедиме финанисии за тоа, бидејќи се покажа како исклучително корисен за децата во социјален ризик, од секој аспект.
2.Спортско забавен летен камп за деца во социјален ризик ,,Шарено Лето,,.
Овој проект ви е веќе познат, и годинава по 6 пат ќе го реализираме. Еден од нашите најомилени и најпознати проекти.
На овој камп се родија многу нови пријателства, спомени, знаења, и за многу деца, се случи првиот летен одмор.
Овој камп е бесплатен за сите деца,а на него присуствуваат деца кои немаат услови даодат на летен одмор, и многу често тие за прв пат присуствуваат на нивниот прв летен одмор.
Овој проект континуирано е поддржан од Бизнис секторот, иако последниве години со помал интензитет.
3.,,Среќна школска година,,– проект за набавка на школски материјали за деца во социјален ризик.
Ова е исто така проект кој 6 година по ред ќе го реализираме.
Минатата година скоро цела година бевме фокусирани на овој проект, со оглед на тоа што децата почнаа да учат онлине а немаа уреди. Се бавевме со набавка на уреди и успеавме да обезбедиме лап топи, таблети и телефони за околу 300 деца (благодарение на донатори, но и на проектот Донирај Комјутер) како и годишна интернет претплата за 30 семејства.
Овој проект набавува нова, комплетна школска опрема за над 300 деца годишно. Секое дете го добива токму она, кое на нему му е потребно, зависно од возраста и одделението кое го посетува.
Проектот е поддржан од голем број компании, физички лица, организации и сл.
Минатата година овој проект беше поддржан и од Владата на Република Сееверна Македонија, па обезбедивме рекорден број на училишна опрема, уреди за следење настава он лајн, како и многу услуги за децата во социјален ризик, како културни настани, спортски активности, психолошка поддршка, логопед, организирање на родендени, курсеви за странски јазици.
За прв пат еден наш проект беше поддржан од Владата, и се надеваме дека и понатаму ќе ги препознаваат вистинските вредности и вистинските работници помеѓу Невладиниот сектор.
4. Прва конференција за деца во социјален ризик ,,Самит на детски желби,, .
Овде децата се главни, тие ни кажуваат како да изградиме подобар свет за нив, децата со помалку можности.
Што тие мислат дека може да се промени, кои се нивните болки и нивните среќи. Овде треба да ги чуеме, бидејќи тие знаат и можат многу повеќе отколку што мислиме.
Во 2018 за прв пат го реализиравме овој проект, и имаше навистина голем успех. Минатите години не успеавме да најдеме финансиска поддршка за овој проект.
Годинава ќе се потрудиме да најдеме, и да биде уште подобар.
Ова е единствен проект од ваков тип во Европа.
Ако има услови за организација, оваа 2022 годима имаме желба повторно да го реализираме, и да ја ставиме Македонија на мапата на земји кои навистина се грижат за децата во социјален ризик, и се трудат од нив да направат продуктивни граѓани.
5. Мотивациони предавања и психолошки работилици за деца во социјален ризик, за подобрување на образовни резултати и справување со врснички булинг ,,Ти можеш,,.
Ова е уште еден наш нов проект, а се однесува на мотивирање на децата кои живеат во тешки услови, или кои се жртви на врнички булинг. Со пријавените деца ќе работат психолог, и мотивациони предавачи специјализирани за работа со деца. Очекуваме голем успех со овој проект. Предавањата и работлиците ќе траат една година, а ќе се оддржуваат по 3 месечно.
За овој проект очекуваме да најдеме финансиска поддршка.
6. Топол дом за сите/ Проект Куќа
На семејства од целата земја, кои се категорија социјален ризик, и кои имаат деца, а живеат во исклучитено тешки услови,без основни услови за живеење,им се градат или реновираат живеалиштата комлетно.
Овој проект доби и ТВ проект, кој се вика ,,Проект Куќа со Кристина,, а ќе се емитува на Телма телевизија од септември.
Не знаеме дали овој проект ќе продолжи со ТВ проект, но сигурно ќе се развие како он лајн платформа каде на семејствата на кои им е потребна помош, ние ќе наоѓаме начин преку нашите конекции, да им се обезбеди она кое им е хитно во домувањето.
Проектот е поддржан од OSCE Macedonia , и голем број компании и физички лица.
7. Премиера на нова претстава на ДДС Неверленд која ќе ја играме пред многу деца низ цела земја.
Програмата за ова година е многу голема и комплексна, но ќе дадеме се од себе да се реализира се што планираме и што сонуваме.
Поддршката од компаниите, локалната самоуправа, државните органи, меѓународните организации, асоцијации, и физичките лица ќе ни биде повеќе од неопходна.
8 Новогодишен проект ( Храна и подароци за секое дете за празниците)
Традиционално организираме масовно донирање на прехрамбени и хигиенски продукти, кои компаниите или физичките лица ги праќаат директно до корисниците и на тој начин овозможуваме да има помалку гладни семејства за празниците. Ова е еден од проектите кој се карактеризира со масовност, бидејќи се трудиме на сите на кои им е потребна помош, новогодипна радост, храна, облека, да им доставиме и да обезбедиме од разни донатори.
Со почит,
Кристина Арнаудова Петровски
Претседател на здружението