Ииииии официјално започнува овогодишниот новогодишен проект кој е веќе традиционален и секоја година носи среќа за стотици семејства и деца низ цела Македонија!
,,Донирај среќа,, има за цел да не остави тажно и гладно ни едно семејство за Новогодишните празници! Секоја година правиме различни проекти, и се трудиме тоа да не се само пакетчиња, туку поголеми нешта кои им се потребни на семејствата и децата! Храна, која им е неопходна,топли алишта за децата (најголем дел од децата немаат јакни, чизмички, џемпери) и сметаме дека тоа ќе им ги направи празниците најсреќни и посебни! Затоа годинава, ги поканивме и сите компании со кои соработуваме, но и оние со кои не сме соработувале да се приклучат, да го отворат срцето и да подготват новогодишни изненадувања за сиромашни семејства и семејства во социјален ризик на кои тоа им е потребно! Оваа година можете да донирате и на броевите за донација и со тоа да помогнете да го реализираме овој проект! Ајде заедно да направиме уште еден хуман рекорд! #проектсреќа #проектсреќа2021 #донирајсреќа