Донација од Road Legends за членовите на Проект Среќа

Примивме голема, вредна и корисна донација од нашите пријатели, компанијата Road Legends, која е компанија во сопственост на македонци а е со седиште во Чикаго, но има свои претставништва и во Скопје и Штип. Се работи за донација од 39 таблет уреди, наменети за децата во социјален ризик, кои треба да следат настава, а кои немаат уреди, и кои до сега немаат добиено уред од нас или пак од Донирај Компјутер – Борче Стаменов. Голема благодарност за компанијата Road Legends, која неколку пати се приклучува со донации во нашите активности и покажува високо ниво на општествена одговорност и грижа за децата! Секоја ви чест! (Таблетите се веќе поделени според список на членови на Проект Среќа кои се на ред за уред)