Иииии дојде моментот за радост и среќа на многу дечиња!
Летниот камп ,,Шарено Лето,, на нашето здружение Проект Среќа, по петти пат носи убавини и летен одмор за дечиња кои вообичаено тоа неможе да си го дозволат!
Годинава одиме за Крушево, еден од најубавите македонски градови, кој изобилува со убавина, историја, знаменитости, чист воздух и забава за сите!
Децата кои годинава ќе присуствуваат на кампот за прв пат доаѓаат на овој камп а ние ќе се потрудиме да им биде незаборавно! Ќе бидеме сместени во хотел Монтана.
Благодариме на компаниите кои не поддржуваат скоро секоја година, ЕВН и Casino Senator Macedonia кои се со нас од првата година, Biotek Laboratorija и Еурофарм Аптеки ! Проектот е поддржан од Град Скопје.