Успешно реновиран и обновен домот на семјеството во Штип

Другари и поддржувачи, пред повеќе од две недели, скоро во исто време со домот во Усје, го завршивме и домот на самохраната мајка на двајца тинејџери од Штип. Среќни сме што успеавме, и покрај многуте препреки што ни се случија во тој дом.
Од самиот почеток имавме голем проблем со пронаоѓање мајстори. Едвај најдовме, и тоа заеднички со сопствениците на домот.
Неможевме да најдеме надзор за објектот, па тие беа и во улога на надзор.
Од претпријатијата побаравме барем превоз за шут и работна рака за да ни помогнат со транспорт на градежни материјали до 5 кат, ама не добивме ни таму позитивен одговор.
Но на крај успеавме да завршиме и да донесеме среќа за едно семејство, со комплетна трансформација на домот, и услови за живеење каде секој член ќе ужива во својот простор! Како изгледа целосната трансформација на овој дом ќе видите наскоро на ТВ кога ќе почне да се емитува емисијата Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina.
Овој дом го работевме без ни еден денар парични донации. Сите трошоци ги покривме ние самите од сопствени средства. Не очекувавме дека нема ни една компанија да одговори на повикот за вклучување во овој дом со финансиска поддршка, но ете, за се има прв пат.
Но затоа поддршка добивме во материјали од компаниите кои секогаш се со нас, со поддршка и на неколку компании од штипската бизнис заедница.
Благодариме на големите срца и општествената одговорност на следниве компании:
ZLATEV компанијата од Штип која го изработи плочестиот мебел во домот
RiverSoft кои се со нас постојано заедно со нивниот бренд Vox ја донираат комплетната бела техника
Хромак нашите пријатели за бои за зидови, лакови, лепаци, фуги и што се не…
Adziko Home Center донираа покуќнина, расвета, масичка за тераса, теписи,тапети и мали куќни апарати од брендот Hausberg.
– компанија која сака да остане анонимна го донираше целиот мек мебел
SATE Ceramica ни донираше плочки и туш параван
Chavle мебел донираа прекрасна трпезариска маса и столчиња!
Introinvest DOOEL ни донираше гипс картони и го финансираа вториот молер
– Благодарност за плочкарите кои беа единствени кои работеа хуманитарно, без хонорар!
Coffee Lab го донираа клима уредот,
Lotus Design – Zvezda Komerc благодарност за санитариите
dm drogerie markt Makedonija секогаш со нас, комплет хигиена и козметика за целото семејство
Нашите големи пријатели Osiguruvanje Makedonija AD – Vienna Insurance Group и за овој дом донираа полиса за осигурување на домот од сите можни настанати штети, кражби, и тн.
Еурофарм Аптеки секогаш со нас се грижат да сме сите здрави и силни,
Sloga Prom Uvoz-Izvoz D.O.O.E.L. Kavadarci донираат замрзната храна за три месеци за семејствата
Внатрешни врати Нипром Струмица.
А постелнините се од Immoricon.
Секој дом е облагороден со книги изданија на Ars Lamina/ Literatura.mk!
Проект Среќа со собраните средства од Art and Craft Fundraise покри дел од трошоците, а дел од сопствени средства:
Електрика,
водовод,
врата за тоалет,
врата влезна,
Мајстор молер
мајстор паркетар,
мајстор водовод,
мајстор електрика,
тенда,
превоз и логистика,
дел од градежни материјали,
завеси,
корнизи….
До следниот дом!
Со нови сили, и надежи дека оваа наша мисија сепак некако ќе успее, и дека ќе ги отворите срцата за заедно да направиме големи промени!
Затоа што ние сами неможеме ништо! А заедно можеме многу! Прашање е дали сакаме?