По повод отварањето на новата градина на нашите пријатели и соработници FOUR се организираше хуманитарна акција со која се обезбедија лап топ уреди за следење настава и комплетни прибори за училиште. Ви благодариме од срце што секогаш мислите на децата на кои им е потребна нашата помош и поддршка и што континуирано спроведувате општествено одговорни проекти. 

Уредите и школските прибори ќе бидат поделени на оние деца на кои се уште не сме поделиле, во текот на следната недела.