Среќни и горди сме што FOUR и нашите долгогодишни пријатели Park Hotel никогаш не ги забораваат децата и Проект Среќа. Заедно градиме подобро општество и можности за децата со помалку можности.
Настаните кои ги организираат по повод отварањето на Four Garden, ќе имаат хуман аспект со тоа што дел од прометот од 23-ти до 30-ти јуни, ќе биде наменет за обезбедување на училишна опрема и уреди за следење настава за децата во социјален ризик, за кои веќе со години се грижиме, обезбедувајќи им училишна опрема, ранци, и уреди, секоја година, во склоп на нашиот проект ,,Среќна Школска Година,,.
Сите кои сте во можност дојдете на прекрасните забави, направете резервација, а вашето присуство ќе помогне да усреќиме што повеќе деца и оваа година!
Ви благодариме наши прекрасни пријатели, за вашите големи срца и поддршката која ни ја давате секоја година!