Успешна реализација на #ХранаЗаСекоеСемејствоЗаПразниците

И оваа година, ја започнуваме со најубави вести и среќа за илјадници лица!
Вие и Ние сме Шампиони повторно! Шампиони на среќата и хуманоста! Секоја Ви чест другари!
Во проектот “Храна за секое семејство за празниците” беа вклучени:

👉480 донатори

👉храна, средства за хигиена и разни подароци добија 810 семејства или околу 3240 лица во социјален ризик од цела Македонија!

👉пративте парични донации директно до некои семејства кои се користеа за храна, кирија, дрва, струја во износ од 122.500 ден!!!

👉Се ова е реализирано во рок од 20 дена!

❤️Ова кое Вие го правите за децата и семејствата на кои сте им потребни е за златна медаља!

Проект Среќа е Среќна затоа што Ве има сите Вас на своја страна! На страната на хуманоста и љубовта!
Да сте живи и здрави прекрасни луѓе!!! #ХранаЗаСекоеСемејствоЗаПразниците