Нека ни е среќен 5тиот роденден

Драги пријатели, денес ни е роденден! Проект Среќа полни 5 години! 5 најубави години За Вас и Со Вас! Во овие 5 години заеднички направивме неверојатни работи! Најгорди сме на тоа што со смислени и професионално разработени филантропски и хуманитарно насочени акции ја кренавме општествената одговорност во земјава на едно ново, многу повисоко ниво! Проект Среќа на кратко во овие 5 години:
👉има свој летен камп за деца со помалку можности Шарено лето
👉има свое детско драмско студио кое е бесплатно за децата ,,Неверленд,,
👉училиште за музика кое е бесплатно за децата со помалку можности, ,,Гитари дирки и свирки,,
👉имаме годишно околу 2000 донатори кои донираат за семејства и деца директно на семејствата!
👉имаме семејства и деца на кои секојдневно помагаме кои се исто четири цифрена бројка,
👉 насекаде сме каде е потребно….
👉градиме санитарни простории и домови за семејства со деца кои живеат во тешки услови
👉Секојдневно се бориме за еднакви можности за секое дете и секој човек!
Ви благодариме што сте со нас секој ден, се побројни и помотивирани за заедно да изградиме подобро, општествено одговорно општество!
❤️Без Вас се ова ќе беше невозможно! Ви благодариме! #проектсреќа❤️