На нашиот повик до бизнис секторот, да се вклучат во нашата работа како донатори, со што би го поддржале нашето постоење и работа, до сега се пријавија пет компании.
Повеќето од нив стари пријатели и поддржувачи, а некои за прв пат се вклучуваат во нашата работа.
Огромна благодарност до компаниите Biotek Laboratorijaкои оваа година на неколку пати ги нудеа своите услуги на наши корисници, , ЕВН Македонија, наши најредовни подржувачи од постоењето до денес, потоа Tosic & Jevtic – Attorneys and counselors-at-law ,,Адвокатско друштво Тошиќ и Јевтиќ,, кои се наши нови поддржувачи но многу значајни во овој тежок период, Tikveš Winery – Винарија Тиквеш со кои имаме соработувано и на други проекти во текот на изминативе години, и ,,Веледрогерија Др.Пановски,, кои изминативе години се имаат вклучено во неколку проекти. Благодарност до нив, и поздрав за нивната континуирана општествена одговорност. Заедно градиме еднакви можности за многу деца, и помош за нивните семејства.
Се надеваме дека и останатите компании ќе се приклучат и ќе станат наши ,,компании пријатели,, во периодот што следува.