еднакви можности за сите деца

Во извештајот кој Унеско го направи, како приоритетен проблем во оваа нова состојба на криза заради Ковид 19-Корона вирус, се наведува непристапноста до образование на децата во социјален ризик, заради немање уреди за следење на он-лајн настава и непристапност до интернет. Ова е глобален проблем. Ние како здружение кое се бави со проблемите со кои се соочуваат децата во социјален ризик, припремивме проект за набавка на таблети и обука за истите ако има потреба од тоа, за 150 деца од целата земја, кои во овој период немаа пристап до образование.
Како здружение, го детектиравме овој проблем како еден од најприоритетните во време на Корона кризата, кога не знаеме до кога децата ќе треба да следат настава он-лајн. Го аплициравме овој проект на повикот на Владата на Република Северна Македонија за справување со последиците од Корона Кризата. За жал нашиот проект беше одбиен. Немаме намера да се жалиме и кукаме, со оглед на тоа што многу често сме одбивани, а на повик на Влада до сега не сме добиле проект. Но сакаме да укажеме, дека мора да се детектираат и постават протитети и да се знае кои се точките каде Корона кризата направи најмногу штета. Ако тоа не е образованието и еднаквиот пристап до образование, тогаш сериозно треба да се размисли за подготвеноста и знаењата на оние кои ги оценуваат проектите, со оглед на тоа дека се работи за многу чувствителна тема.

Ние ќе продолжиме да се бориме за еднакви можности за сите деца, без разлика дали ќе добиеме или не финансиска поддршка, бидејќи тоа е нашата Мисија и Визија!