Голем број од децата ширум светот биле и за жал сеуште се ангажираат во различни видови на платени или неплатени работни активности кои се штетни за нивното здравје. Под злоупотреба на детски труд се подразбира ангажирање на деца како работници особено ако се на многу мала возраст, за извршување на работни активности кои се опасни и нелегални и кои го спречуваат и загрозуваат нивниот физички, ментален, социјален и воспитно образовен развој.
Во најмалку развиените земји низ светот 1 од 4 деца (на возраст од 5 до 17 години) е ангажирано за извршување на активности кои негативно влијаат врз детскиот раст и развој.
Едно од десет деца низ светот се со статус на #ChildLabour односно се во категорија на злоупотребен детски труд.
Се очекува моменталната светска криза од Ковид 19 драстично да го зголеми бројот на експлоатирани деца низ светот.
Секое дете заслужува безбедно и среќно детство. како и низ целокупнто наше работење и активности така и денес се бориме и заложуваме за децата и нивните права.
