Бон Тон за донирање

Краток Бон-Тон за донирање! Ова слика ни привлече внимание бидејќи е токму она кое нам како здружение и како луѓе најмногу ни пречи. Кога ќе сакате да направите добро некому, да помогнете, избегнувајте да ги изложувате луѓето на кои им помагате пред јавност. На ним веќе им е доволно тешко тоа што живеат со проблеми од секаков тип, и без вие да ги изложите пред очите на светот. Ако сакате да помогнете, направете го тоа затоа што тоа е правилниот начин, а не затоа што сите треба да видат кому сте помогнале. Ако објавите некого, тогаш за тоа треба да има вистинска причина.

1.Семејството самото да сака да се објави
2. Ако со тоа поттикнете и останатите да донираат и да се вклучат
3. Ако се работи за кампања каде појавувањето на луѓето на кои им се помага е задолжително бидејќи де работи за големи материјални донации.

И не заборавајте, објавувањето лични фотографии без дозвола е кривично дело.

Ако го правите тоа за да се сликате, подобро немојте.

Ние како здружение објавуваме фотографии на корисници само во случај кога мора, треба или пак самите корисници сакаат.
#проектсреќа