средба со првата дама

Нашата претседателка Кристина Арнаудова и првата дама имаа средба на која зборуваа за активно вклучување и поддршка во нашите проекти, и сите можности за соработка со кои на децата со помалку можности ќе им се подобри квалитетот на живеење. Среќни и горди сме на ова наше ново пријателство, и поддршка која децата ќе ја имаат од сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Таа воедно изрази желба да ги отвори вратите од претседателската резиденција за децата, така што многу скоро ќе имаме и други изненадувања на кои работиме заеднички