,,Волшебникот од Оз,, синоќа ја имаше својата премиера! Во МНТ на малата сцена енергијата беше неверојатна, децата направија вистинско волшебство со својата актерска игра и љубов која ни ја дадоа преку претставата! Играа како вистински актери со професионалност која наликуваше дека учеле актерска игра барем неколку години а не само неколку месеци. Пораката која претставата ни ја пренесе можеби беше најмоќното нешто кое режисерката и нивна наставничка Благица Ристов ја вметнала како лајт мотив кој не водеше. Се играше пред полна сала а децата добија овации и аплаузи без крај од прекрасната публика. Горди сме на нашето драмско студио кое дава шанса за сите деца да се вивнат во ѕвездите и да сјаат силно со целиот свој талент и потенцијал. Ќе продолжиме да создаваме еднакви можности за сите деца, затоа што секое дете е ѕвезда која чека да биде откриена!
