Проектот ,,Гитари Дирки и Свирки,,- за оваа година е затворен

Драги пројатели, проектот ,,Гитари Дирки и Свирки,, – училиште за музика за деца со помалку можности за жал оваа година ќе биде затворен заради недостаток на средства за финансирање. Се надеваме дека следната година повторно ќе продолжиме, а горди сме на сите деца и млади луѓе кои посетувајќи ги нашите часови се запознаа со инструментите а некои научија и одлично да свират! Се надеваме дека повторно ќе се активираме еден ден, бидејќи вакви проекти се повеќе од потребни во нашето општество.