„Од децата за децата„ хуманитарна акција на Детска Градинка Весели Цветови објект Сончоглед

Во градинката Детска Градинка Весели Цветови објект Сончоглед децата и вработените имаа прекрасна активност! Во текот на месецов сите тие донираа храна за нивните другарчиња на кои им е потребна помош во храна! Не пречекаа со прекрасна приредба, насмеани и распеани, а добивме и прекрасен подарок изработен од нивните златни рачиња! Ова не е прв пат тие да имаат ваква хумана активност. Ни кажаа дека постојано имаат активности каде донираат храна, и мораме да им честитаме на оваа хумана пракса, каде децата директно се учат на филантропија и хуманост на дело! Секоја чест за сите особено за прекрасните воспитувачки и раководители на објектот. Ние оваа храна ќе ја распределиме на наши корисници кои имаат потреба од неа ❤️! Благодариме мили деца❤️