Поддршка од Матеј од Канада

Матеј Минчев е младо момче, студент од Канада, со македонско потекло, и тој заедно со неговиот другар Димитри Ѓоргиев, исто од Торонто, Канада, организираа фандрејс каде собраа средства со кои ја плативме работната рака за домот на самохраниот татко и неговиот син во Усје. На светот му се потребни повеќе вакви лица! Ние сме горди што сте со нас и што заедно градиме среќа! Во ова видео Матеј прекрасно зборува за мотивот да се вклучи во активностите на Проект Среќа и Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina ❤️. Неговите родители треба да се многу горди!