Шеста година по ред, најголемиот донаторски проект за школска опрема за деца во социјален ризик! #среќнашколскагодина 2021 ! Нема дете кое не сака во школо на првиот училишен ден да оди со ново ранче, нов школски несесер, убави тетратки и моливчиња….За зал, огромен број на родители не можат на своите деца да им го овозможат тоа. Затоа сме тука сите ние, и затоа постои овој проект! Секое дете треба и мора да е среќно! Да ја направиме заедно Македонија земја на хуманитарци и филантропи, земја на луѓе кои си помагаат и кои се сакаат! Ги очекуваме компаниите кои се бават со производство и дистрибуција на школска опрема да донираат во голем број. Ги очекуваме и сите физички лица, со големи срца, секој во рамките на своите можности, да даде свој прилог за и оваа школска година да биде среќна за сите деца! Ние неуморно работиме на среќата на децата, на кои заради одредени причини, таа им недостасува….Но сите вие заедно, сте нашата сила. Без сите вас, ние сме немоќни. Ајде да покажеме уште еднаш дека огромен број големи срца се овде за да создадат среќа! #проектсреќа
