Среќна Школска година 2021

Проектот ,,Среќна Школска Година 2021,, е отворен! Благодарение на овој наш проект веќе пет години, илјадници деца во социјален ризик, токму оние на кои им е најпотребно,имаат добиено нова комплетна школска опрема!
Благодарение на вашите донации, донации од општествено одговорните компании и лицата со големи срца, огромен број деца не се срамат повеќе да одат во училиште!
Последниве две години во овој проект влегуваат и донации во уреди за следење настава, лап топи и таблети, како и мобилни телефони.
Сите кои сакате да донирате, компании и физички лица, тоа може да го направите со порака кај нас, а ние ќе ве упатиме каде е потребна школска опрема! Така сите сме сигурни дека донациите пристигнуваат на вистинско место❤️
Можете да донирате до 5 септември.
Повелете контактирајте не❤️