Во посета на Хромак

Денес бевме во Куманово, во Хромак бои и лакови, компанија специјализирана во трговија на мало и големо со бои и лакови. Освен што одбиравме и нарачувавме материјали, за домот на кој што ќе почнеме да работиме наскоро, се договоривме и за долгорочна соработка, со тоа што Хромак ќе не поддржи во сите епизоди на Проект Куќа, во секој дом и за секое семејство! Асортиманот на Хромак е голем,фасадни материјали,градежни лепила,бои и лакови за широка потрошувачка,пут пени,, производи за репарирање автомобили,абразиви……Им благодариме што се наши пријатели и што се грижат за општеството! ❤️