Поддршка за Проект Среќа

Другари,
ако секој од вас може да донира по 300 или 150 денари месечно за нас и нашата работа овде на Patreon, тоа за нас би била неверојатен ветер во грб! Проект Среќа последниве две години ги изгуби скоро сите компании пријатели заради економската криза, и секојдневно се бориме за опстанок.
Сите средства ги усмеруваме кон градење и помош на оние на кои им треба! Но реалноста е дека нам ни треба помош за да ја продолжиме работата!
Ние за разлика од повеќето не сме корисници на грантови ниту имаме некаква голема поддршка од било кого. Затоа Вие сте ни единствена надеж, Вие кои знаете дека работиме за Вас и дека сме тука секогаш кога ви требаме! Поддржете не и донирајте месечно симболична сума која нам ќе ни биде голема помош!