Ѕвезда Комерц – компанија со големо срце

Една од ,,компаниите со големо срце,, кои се приклучија кон мисијата на градење среќа во Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina , е компанијата Ѕвезда Комерц од Неготино. Тие не поддржаа со умивалници со огледала и шкафчиња за тоалети, од сопствено производство, како и материјали за водовод и одвод. Им благодариме од срце на поддршката која многу ни значи, и нам и на семејствата!Вашите пари секогаш трошете ги во компании кои се хумани и општествено одговорни!