,,Проект Куќа со Кристина,, започнува со градење

Драги пријатели, ,,Проект Куќа со Кристина,, започнува со градење среќа онаму каде е најпотребно. Во овој дом живеат сами татко и син во многу лоши и тешки услови. Потребна ни е вашата поддршка! Се уште немаме донатори и спонзори за бела техника, внатрешни врати, кровна конструкција и прозорци. Пријавете се како донатор или спонзор. Ова ќе биде можеби и најтешката реконструкција за оваа сезона бидејќи од кров до темели се треба да се смени. Емисијата ќе почне со емитување на тв Телма од септември. Знаеме дека можеме заеднички! Кога сме сплотени можеме да направиме чуда! Бидете дел од среќата на ова мало семејство! #проектсреќа #проектКуќаСоКристина