Потпишан мемораднум за соработка со Федерацијата за лизгачки спортови

Во насока на доближување на спортот до секое дете и давање еднакви можности за спортување и развој, потпишавме меморандум за соработка со Федерацијата за лизгачки спортови. Оваа сезона, оние деца кои имаат желба, корисници на услугите на Проект Среќа ќе можат бесплатно да ги направат своите први чекори на мраз и да ги почувствуваат убавините на уметничкото лизгање. Со ова продолжуваме со нашата примарна цел, еднакви можности за сите деца, и асистенција во градење на знаења и таленти на децата со помалку можности.