Награда за најдобриот ученик во „Гитари, дирки и свирки“

Во склоп на нашето училиште за музика, ,,Гитари Дирки и Свирки,, голем број деца бесплатно изучуваат гитара и клавир, под менторство на Дамјан Темков и Стефан Трајкоски. Оваа година иако тешка за сите, најдовме начин како да одржуваме часови гитара, он лајн. На крај на оваа година на најредовниот и најуспешниот ученик по гитара, нашето здружение доделува награда, гитара! Ние веруваме дека децата треба да се мотивираат и наградуваат, и дека на тој начин ќе ги поттикнеме да бидат уште подобри! Оваа година тоа е нашиот ученик Александар, кој годинава имаше најголем интерес, напредок и беше најредовен на часовите. Продолжуваме да делуваме, инспирираме и менуваме! Со Ваша помош, можеме да направиме многу. Затоа останете наши поддржувачи! #ПроектСреќа