Заврши реновирањето на куќата во Штип

Пријатели,
се сеќавате дека летото почнавме со комплетна реконструкција на домот на девојката од Штип која беше малтретирана, и која остана сама?
Ова се фотографиите од она како беше и како е денес. Благодарение на сите Вас, донатори, компании, лица со големи срца, и најмногу на Милка Докузова која беше главен координатор и надзор, успеавме комплетно да го реновираме домот, куќата на таа девојка, која сега таму живее со мајка и.
Во домот немаше никакви услови за живеење, намештајот беше стар и искршен, прозорците искршени, немаше кујна, ни спална, ни под ни функционални врати.
Променивме се!
Врати, прозорци, под, ламинат, изолација, малтерисување, кујна, намештај, трпезарија, спална, електрични апарати, бела техника.
Се надеваме дека таа сега ќе успее да создаде за себе некој нормален живот.

Донатори со големи срца:
Full House – прозорци и влезна врата
Mebel Acevski

– внатрешни врати, кујна, трпезариска маса и столици, спална, садопер.

Софа Студио

гарнитура за дневна соба

Favorit Electronics

– електричен шпорет, Телевизор, машина за перење

OSCE Mission to Skopje
OSCE – The Organization for Security and Co-operation in Europe

– санитарии, плочки, бојлер

Актива- работна рака за демонтажа на плочки во кујна и тоалет и поставување нови
Adziko Home Center

– прибор за јадење, постелнина, штекери, прекидачи, плафонски светла, додатоци за бања.

Анонимен донатор – душек за спална
Анонимен донатор- Ламинат
Анонимен доматор- масичка
Анонимен донатор- молерисување, поставување ламинат, преграден ѕид, и плочки во ходник, како и чистење на просторот.
Анонимен донатор- Фрижидер
Анонимен донатор: ормари за спална
Од срце благодариме! Ова не е снимено како дел од Проект Куќа бидејќи сметаме дека не секој и секогаш треба да се снима.