Среќна Школска година 2020

,,Скопски пазар,, преку поголема донација ќе обезбеди училишен прибор за 104 деца, членови на Проект Среќа од цела Македонија. Донацијата беше реализирана минатата година а ние ја чувавме за наменски да ја поделиме на почетокот на оваа учебна година. Тие се до сега единствени донатори за годинешнава ,,Среќна Школска Година,,. Исто така апелираме да се донираат таблети, лап топи и комјутери, кои се можеби постари или не ви требаат како секое дете би можело да посетува он-лајн настава. #среќнашколскагодина2020 #проектсреќа #секоедетезаслужувасреќа #еднаквиможностизаситедеца