Донаторска акција за Среќна Школска година 2020

Драги пријатели, време е за традиционалната донаторска акција на Проект Среќа, #СреќнаШколскаГодина2020! Оваа година е поразлична од сите до сега. Училиштата ќе работат со комбиниран начин на настава, он-лајн и физичко присуство. Но големиот и горлив проблем на илјадници семејства останува нерешен. Децата во социјален ризик, во голем број, немаат уреди! Затоа ние веќе со месеци апелираме за набавка на уреди за следење он лајн настава за децата во социјален ризик, но никој од големите компании ниту пак институции немаше слух за решавање на овој проблем, иако аплициравме на неколку места. Затоа оваа година нашиот донаторски проект ќе биде насочен кон набавување таблети, лап-топи и компјутери за децата кои треба да следат настава а немаат уред. Ако имате а не ви е потребен, ако имате можност да подарите некому, ако можете да донирате, вклучете се! Мораме да создадеме еднакви услови за сите деца! Бидејќи секое дете е важно! Секое дете е ѕвезда! За нас, секое дете е богатство! Оваа година веќе обезбедивме околу 30 уреди за деца,преку физички лица со големи срца, но и во соработка со Борче, нашиот другар од #ДонирајКомпјутер , но потребни се уште многу…. Ајде да создадеме уште една приказна со среќен крај! #проектсреќа #проектсреќагисакадецата