ДДС „Неверленд„ продолжи со часови на отворено

Со среќа и радост ве известуваме дека нашето детско драмско студио за деца со помалку можности ,,Неверленд,, поддржано од Општина Центар, после 5 месечна пауза продолжи со работилници на отворено. Долго време размислувавме како да ги изведеме часовите а тоа да биде безбедно за децата и наставниците. Дојдовме до заклучок дека работилници на отворено се вистинското решение! На сите деца во овие чудни времиња им треба време поминато во забава и едукација а сепак да е безбедно за нив. Неверленд е нивното омилено место и се радуваме со нив и за нив! Наставничката Благица Ристов сепак е некако најсреќна од сите со оглед на тоа колку време дружбата со нејзините омилени ученици беше изоставена. ❤️🌞 #проектсреќа #секоедетезаслужуваеднаквиможности #ДДСНеверленд