„Волшебникот од Оз“ во МНТ

Нашето детско драмско студио ,,Неверленд,, – првото детско драмско студио за деца со помалку можности, ја има својата прва премиера!!!
,,Волшебникот од Оз,, на 11 јуни, во 19ч , на малата сцена во МНТ!
Многу сме возбудени и среќни! Нашите актери ги надминаа сите наши очекувања! Нивната наставничка, Благица Ристов, и нејзиниот асистент Дејан Ристов се најпосветените луѓе на свет, а во тоа ќе се увериме и на самата претстава!
Овој проект на нашето здружение,, ДДС Неверленд-првото детско драмско студио за деца со помалку можности,, е проект поддржан од Општина Центар. Благодарни сме на довербата, а секоја ваша поддршка ја оправдуваме со многу работа, посветеност, и резултати. Од септември ќе се потрудиме оваа претстава да игра низ целата земја, и сите дечиња да можат да уживаат во неа! #проектсреќа ги сака децата!

Режија и драматизација: Благица Ристов
дизајн на постер: Effectiva Vizuelna Komunikacija Effectiva
сценографија: Tehnosan и Effectiva Vizuelna Komunikacija
костимите на Дороти и Самовилата: Viktorija Arsovska – Fashion Designer