Драги пријатели, денес ни е роденден! Проект Среќа полни 6 години! 6 најубави години За Вас и Со Вас! Во овие 6 години заеднички направивме неверојатни работи! Најгорди сме на тоа што со смислени и професионално разработени филантропски и хуманитарно насочени акции ја кренавме општествената одговорност во земјава на едно ново, многу повисоко ниво! Проект Среќа на кратко во овие 6 години:

има свој летен камп за деца со помалку можности Шарено лето

има свое детско драмско студио кое е бесплатно за децата ,,Неверленд,,

училиште за музика кое е бесплатно за децата со помалку можности, ,,Гитари дирки и свирки,,

имаме годишно околу 2000 донатори кои донираат за семејства и деца директно на семејствата!

имаме семејства и деца на кои секојдневно помагаме кои се исто четири цифрена бројка,

насекаде сме каде е потребно….

градиме санитарни простории и домови за семејства со деца кои живеат во тешки услови

Секојдневно се бориме за еднакви можности за секое дете и секој човек!
Ви благодариме што сте со нас секој ден, се побројни и помотивирани за заедно да изградиме подобро, општествено одговорно општество!

Без Вас се ова ќе беше невозможно! Ви благодариме!
#проектсреќа