Известување!

Драги пријатели,
од септември нашата организација нема повеќе да се бави со хуманитарна помош во храна и облека, и тоа ќе го препуштиме на организации кои имаат логистички можности, како и грантови кои ги користат со таа намена. Ние до сега го работевме тоа, без никаква материјална поддршка од никого, на волонтерска основа, и со драго срце помагавме, но сметаме дека мораме да се фокусираме на нашата примарна цел, а тоа се децата, едукацијата, еднаквите можности на децата во пристапот до култура, квалитетно образование, спортови и сл. На прво место ќе бидат нашите проекти со кои се зајакнува пристапот до едукација, формално и неформално образование на децата во социјален ризик, и пристапот до култура на тие деца.
Ќе ве молиме да не ни се обраќате повеќе со барања за донации во храна.