Проект куќа реновира дом на самохрана мајка во Штип

Во Штип Проект Куќа со Кристина/ Proekt Kukja so Kristina работи на тотално реновирање на на дом, каде живеат самохрана мајка со две деца, со баба и дедо. Вредни и прекрасни луѓе, на кои им треба подадена рака за да имаат нов почеток! Денес на објект бевме со сите мајстори, кои веќе работат турбо, и се надеваме дека домот ќе добие сосема нов лик и ќе биде топол дом но и функционален за сите членови на семејството. За овој дом ни недостасуваат донации во мебел и материјални средства за мајстори, па сите компании или физички лица кои би сакале да се вклучат се повеќе од добредојдени!
Благодариме на Adziko Home Center за големата поддршка која ни ја даваат особено за овој дом, како и на останатите донатори кои се со нас, RiverSoft , SATE Ceramica , Lotus Design – Zvezda Komerc , Хромак бои и лакови кои ни се голема поддршка за сите домови, Mebel Acevski , Осигурување Македонија, Еурофарм аптеки, ДМ Маркети, а за овој дом се приклучува и Coffee Lab од Штип.