Нашата претседателка Кристина Арнаудова и директорот на Биотек Лаборатории,Мартин Синадинов потпишаа меморандум за соработка, со кој за нашите корисници од Проект Среќа кои имаат потреба а немаат средства, дел од анализите ќе бидат изработени бесплатно.
Biotek Laboratorija се наши стари пријатели, минатата година станаа и наша компанија пријател а на неколку пати нашите корисници бесплатно работеа анализи кај нив. Од срце им благодариме за нивното големо срце и општествена одговорност која ја покажуваат во ова тешко време за сите. Проект Среќа создава големо семејство на пријатели! Добредојдовте во нашето семејство!