ДДС Неверленд на турнеја

Драги пријатели, нашето детско драмско студио ДДС Неверленд, кое е бесплатно за деца со помалку можности, тргнува на мини турнеја низ нашата земја! Поддржани од Министерството за Култура и Локалните самоуправи на општините каде ќе играме ќе ја доближиме детската драма и детскиот театар до децата кои немаат можност често да гледаат детски претстави. Во ова време на пандемија, ќе играме по посебни услови и протокол кој го има за вакви настани, на отворено, или пак ако мораме на затворено заради временските услови, ќе се игра со 30% пополнетост на објектите.
Ќе играме во :
Ресен
Кавадарци
Кочани
Валандово
А понатаму и во Скопје, Прилеп, и други градови, каде ќе бидеме поканети.
Проектот ,,Детско Деамско Студио за деца до помалку можности -Неверленд ,, е поддржан од Општина Центар, и сме им бескрајно благодарни што имаат слух за вакви проекти, кои им даваат можнодт на децата за развивање на таленти и еднакви можности за сите деца.

Екипата е спремна! Јухуууу!