Нашето музичко училиште „гитари, дирки, свирки„ продолжува со одржување часови

Драги пријатели, нашето училиште за музика, каде децата во социјален ризик бесплатно посетуваат часови по гитара и клавир, денес продолжува со работа. Часовите се одржуваат по сите протоколи, односно групните часови по гитара се на отворено, со дистанца и задолжителни маски и дезинфекција, а клавир часовите се еден на еден. На секое дете на влез му се мери температура. Со среќа дечиња! Проект Среќа ве сака!❤️