компании пријатели

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Драги пријатели, како што повеќето знаете, голема поддршка во нашето постоење и финансирање е бизнис секторот и компании со високо ниво на општествена одговорност. Ова е тешка година за сите, за бизнисите, компаниите, луѓето, државата, па и за нас. Годинава не поддржаа 5 компании пријатели, и сакаме од срце да им заблагодариме бидејќи во овои тешки моменти за нас, тоа ни е од големо значење. Тоа е воедно и најмалата бројка на компании пријатели од постоењето на Проект Среќа. Сите се надеваме на подобра иднина а ние лично се надеваме дека ќе успееме некако да си помогнеме себеси за да можеме да продолжиме да ви помагаме на сите Вас. Сите кои имате желба да ја поддржите Проект Среќа, нашите вработени, нашите активности и нашата љубов и посветеност кон децата, можете да го направите тоа на нашата жиро сметка 300000003942892 на Комерцијална банка.
Благодарност до ЕВН, компанијата која ни ја дава најголемата поддршка секоја година и учествува во голем број проекти, Адвокатска канцеларија Апостолска, Солопром, Триглав Осигурување Македонија и Аквариус Трек Радовиш.