Волонтираме за солидарно општество

Кризата којашто ја предизвикува вирусот #COVID19 најтешко се одразува на, и онака социјално загрозените семејства. Пакувајќи ги првите пакети со храна и средства за хигиена во #MladiHub, денеска на иницијатива на Претседателот на Република Северна Македонија, Stevo Pendarovski започна проектот „Волонтираме за солидарно општество“. Во овие тешки денови, Претседателот ги повика компаниите, граѓанските здруженија и дипломатите да бидеме сите заедно хумани и солидарни и да донираме, секој во рамки на своите можности.
Благодариме на добербата Проект Среќа да е едно од 5-тте здруженија кои ќе го спроведуваат овој проект и ќе ја дистрибуираат помошта до крајните корисници. Среќни и благодарни сме што Претседателот е со нас и со сите граѓани секогаш кога им е потребен, и се одзива на секој наш повик за поддршка. Заедно градиме среќно, одговорно и филантропско општество.