„Топол Дом За сите“ доби поддршка од OSCE

Драги пријатели и соработници,имаме прекрасни вести!

,,Топол дом за сите,, доби поддршка од OSCE,односно средствата од хуманитарниот бал на OSCE кој секоја година традиционално се оддржува во Виена. Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја поддржа нашата иницијатива и аплицираa за средства за реконструкција на санитарните објекти на семејствата кои ги одбравме ние,во склоп на големиот хуманитарен проект ,,Топол дом за сите,,. Среќни, горди и благодарни сме, на OSCE Mission to Skopje кои препознаа вистински конструктивен проект ко нашиот, и ја препознаа нашата желба да создадеме големи промени за огромен број деца кои живеат без основни услови за живот.