Нашето музичко училиште „Гитари, дирки и свирки“ почнува со часови по пеење

Драги пријатели, во нашето училиште за музика почна второто полугодие, и часовите по гитара и клавир се во тек. Можете да ги запишете вашите деца во секој момент. За деца во социјален ризик уписот е бесплатен! Но, имаме новости, започнуваме со хор, и часови по пеење! Проф. Даница Станојоска ќе ги држи часовите!