Уписи за креативни новогодишни работилници

Креативните новогодишни работилници за деца од 6 до 10 години, се се уште отворени за уписи! Тимот од Litera ќе се погрижи за вашите деца да имаат едукација и забава, и ќе обезбеди материјали. Ваше е само да ги донесете децата. Почнуваме следна среда. Едно дете може да ги посетува сите три работилници. Оние кои не се во категорија социјален ризик, а сакаат да учествуваат на работилниците, како влезница можат да донесат донација во зимска облека за дечиња на кои им треба или пак да остават симболична донација во кутија. Тоа ќе биде вашата влезница 😀. Секоја работилница трае 2 часа и ќе се одржуваат следните три среди, почнувајќи од следната среда.